https://www.facebook.com/photo?fbid=609999850487826&set=pcb.610000567154421

30.07.2022 Скопје

Шпанија го поддржува пристапувањето на Србија во Европската Унија, а во однос на Косово, верува во потребата од почитување на меѓународното право и територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез.

Социјалистот Санчез ја почна својата балканска турнеја во Белград и е првиот премиер на Шпанија кој ќе ги посети Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина, каде од 1997 до 1999 година беше шеф на канцеларијата на високиот представник на ОН, Карлос Вестендорп. Тој посочи дека Србија и Шпанија ги поврзува потребата да се почитува меѓународното право и територијалниот интегритет и суверенитет.

Шпанија ја поддржува Србија кога станува збор за Косово, бидејќи Шпанија секогаш е во одбрана на тие принципи.

Шпанија е една од петте земји членки на Европската Унија која не ја признава независноста на Косово, бидејќи самата е соочена со напори за независност на својата покраина Каталонија.

По дводневната посета на Србија, Санчез ќе отпатува за Босна и Херцеговина.

Подготвено од М.Н.

About Author