https://pbs.twimg.com/media/FV65OCIXgAAEqrD?format=jpg&name=large

18.07.2022 Скопје

Во интервју на албанскиот премиер Еди Рама изјави дека поради евроинтегративниот процес, однесувањето на Бугарија кон Северна Македонија е срамно. Рама истакна дека Софија повеќе не подели, отколку што не обедини, но се надева дека тоа ќе се промени сега.

Премиерот на Албанија додаде дека отварањето на преговорите со Европската Унија и трпението е исцрпено во врска со таа тема, но не постои друг избор и навикнати се веќе на тоа. Исто така, Рама изјави и дека Северна Македонија утре во Брисел ќе ја одржи и првата Меѓувладина конференција со Европската Унија, на која премиерот Ковачевски ќе ја прочита воведната изјава на македонски јазик.

Според албанските медиуми, францускиот предлог предвидува надминување на разликите меѓу Скопје и Софија во однос на македонскиот јазик и историското минато, а Бугарија бара да се вклучи бугарското малцинство во Преамбулата на Уставот како рамноправно со другите народи во Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author