https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/251371567_936062183986957_806501976467419768_n.png?_nc_cat=101&ccb=1-7&_nc_sid=09cbfe&_nc_ohc=ajp8DFVCYXIAX9cB3K8&tn=RsUfzu_hq7JlhCjN&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT_Gf5fx9_gum4VGrDDKjq8tGdQdMCkYZgDy7KhyDOqntg&oe=62DFE723

20.07.2022 Скопје

Со соопштение од опозициската политичка партија во Република Северна Македонија напишаа дека врховистите од Северна Македонија на Меѓувладината конференција, во име на македонскиот народ, пред Европската Унија се заложија дека во иднина ќе ги спроведат сите барања на Бугарија како платформа за постепена бугаризација на Македонија.

Историјата покажа дека првата направена отстапка, со цел зачленување на државата во ООН, претставува слабост, преточена во традиција при секоја идна интеграција.

Во изјавата од партијата стои дека на овој настан во Брисел, се создава лажна претстава за некаков си почеток на преговори со ЕУ, додека пак вистината е сосема друга, нема да има почеток на преговори се додека не се промени Уставот на Република Северна Македонија, по барање на Бугарија. Исто така, стои и дека ваквите преседани подгазија бројни принципи на меѓународното право, како и основните човекови права, кон чие почитување е активно обврзана секоја земја членка на ЕУ.

Подготвено од М.Н.

About Author