08.07.2022 Скопје
Опозициската партија во Република Северна Македонија, како организатор на протести, организира блокади на улици на ден 8 Јули во период од 13:00 до 14:00 часот.
Министерството за внатрешни работи пак се изјасни со информација дека блокирањето на автопати е спротивно од Законот во Република Северна Македонија. Од МВР соопштија дека по барање на работна средба со контакт лицето наведено во актот, лицето не одговори на поканата, ниту обезбеди замена или друг претставник во име на организаторот.
Министерството, со цел навремено и објективно информирање на јавноста, потсетува на правата и должностите кои ги предвидува Законот за јавните собири.
Јавен собир или протест, може да се одржува на секое место кое е соодветно за таа намена, освен: во здравствени установи, до детски градинки и училишта и на автопатите и магистралните патишта, бидејќи се загрозува патниот сообраќај. МВР најавува дека ќе го прекине одржувањето на јавниот собир, кој е во спротивност со меѓународните договори со кои е предвидена обврска за непречено одвивање на сообраќајот. Организаторот е должен да го прекине одржувањето на овој јавен собир, бидејќи ќе дојде до загрозување на животот и здравјето, безбедноста и личната сигурност на луѓето, доколку тоа не се случи тогаш МВР е должна да постапи според Законот со што ќе го прекине протестот, а организаторите ќе се соочат со соодветна казна.
Подготвено од М.Н.