18.07.2022 Скопје
Со соопштение од чешкото претседателство со ЕУ, изјавија дека е дадено зелено светло за почеток на преговорите на Република Северна Македонија и Албанија.
Амбасадорите на земјите-членки ги договорија преговарачките рамки за двете земји и со тоа се создадени услови за првата Меѓувладина конференција за пристапување кон ЕУ.
После Меѓувладината конференција следува скринингот, кој врши анализа на законодавството на двете земји и степенот на нивната усогласеност со европското законодавство.
Првата конференција за пристапување е првиот процедурален чекор на долгиот пат кон членството во ЕУ.
Македонија веќе 17 години е кандидат за членство во ЕУ, по што прво беше блокирано од Грција, а потоа и од Бугарија.
Северна Македонија го прифати предлогот од Франција, кој претседаваше со Советот на ЕУ, во првата половина од оваа година.
Опозицијата одбива да соработува со власта и одбива да го поддржи внесувањето на бугарското малцинство во Уставот и владеачката коалиција нема да може да го промени Уставот без опозицијата.
Подготвено од М.Н.