12.07.2022 Скопје
Поради многубројните слогани и транспаренти насочени против Бугарија на протестите, Софија испрати нота до Министерството за надворешни работи во Скопје.
Во нотата се изразува длабока загриженост поради тоа што се случува, а кое се однесува на ширењето антиевропски наратив против воспоставувањето на добрососедските односи меѓу двете земји.
Во документот се изразува уверување дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а двете држави ќе успеат да отворат нова и пријателска страница во односите, заснована на взаемно почитување меѓу народот од двете земји.
Подготвено од М.Н.