27.07.2022 Скопје
Претседателот на пратеничката група на БСП, Георги Свиленски, соопшти дека утре ќе го врати мандатот неисполнет, одговорноста ќе остане на ГЕРБ, ДПС, ИТН И „Возраждение“. Народот и партиите кои сакаат да се борат против корупцијата и оние кои ја штитат корупцијата, бугарското општество покажа кој на која страна е на линијата. Се беше лицемерно однесување и од страна на ИТН јасно е дека никогаш немале намера Бугарија да има влада и работно мнозинство. Затоа ќе биде вратен мандатот на претседателот Радев како „неисполнет“, соопшти Свиленски.
Свиленски упати и прашање до претседателот Радев и до претседателската институција, да дадат конкретен одговор за тоа кога ќе бидат закажани парламентарните избори и се надева дека ќе добие конкретен одговор од претседателот Радев.
Подготвено од М.Н.