https://www.facebook.com/photo.php?fbid=594119475419358&set=pb.100044639310154.-2207520000..&type=3

11.07.2022 Скопје

На денешната редовна координациска седница Собранието треба да одлучи што ќе биде приоритет за расправа, ребалансот на Буџетот или францускиот предлог.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави дека денес ќе се знае кога ќе биде закажана седницата на чии дневен ред би бил модифицираниот француски предлог. Џафери како одговор на реакцијата на опозицијата дека до Собранието не се пристигнати клучните документи од францускиот предлог, вели дека сите документи се веќе јавно достапни и секој може да ги види.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=590090862488886&set=pb.100044639310154.-2207520000..&type=3

Во политичките кругови постои разногласие околу тоа чиј треба да биде главниот збор околу ова „жешко“ прашање.

Од власта сметаат дека Собранието треба да донесе заклучоци, додека пак од опозицијата бараат владиниот пакет за францускиот предлог да биде вратен назад во Владата, бидејќи ги нема сите потребни документи за разгледување и дебата.

Подготвено од М.Н.

About Author