https://www.facebook.com/photo/?fbid=596781905139686&set=pcb.596782451806298

25.07.2022 Скопје

Со давање свечена заклетва, Бајрам Бегај и официјално ја презеде функцијата претседател на Албанија, на која ќе остане наредните пет години. По интонирањето на химната, претседателката на Парламентот ја прочита заклетвата, по што Бегај во поздравниот збор пред пратениците во законодавниот дом, им вети на граѓаните дека ќе биде во нивна и во служба на татковината.

Потоа се упати во претседателската резиденција каде го пречека досегашниот претседател Илир Мета, Бегај му се заблагодари за соработката и повторно вети дека ќе биде во служба на Уставот и народот.

Бегај е осмиот претседател на Албанија по падот на комунизмот, а со него ја има и „првата дама“, титула која и недостигаше на Албанија во изминатите пет години, бидејќи на Илир Мета сопругата во 2017 година ја одби почесната титула, продолжувајќи ја политичката кариера како лидер на Движењето за социјалистичка интеграција и го препушти местото на својата повозрасна ќерка Бора.

Подготвено од М.Н.

About Author