09.07.2022 Скопје
Опозицијата обвинува дека власта постојано ја лажат македонската јавност и манипулираат со содржината на протоколот со Бугарија. Исто така, опозицијата истакна дека власта крие што содржи протоколот договорен со Бугарија, документот кој е клучен во текот на преговорите и во тој документ се сите клучни барања на Бугарија и е ставен во преговарачката рамка. Опозицијата ја обвини власта дека го кријат овој документ, а македонската јавност информациите ги дознава од странските медиуми.
Од опозицијата велат дека затоа на власта и се брза со наводните консултации, затоа им се брза и со собраниската расправа која нема апсолутно никаква врска со процесот, бидејќи се работи за меѓувладина конференција, единствена реална улога ќе има Собранието бидејќи треба да гласа, но уште сега се почнати со уцени и притисоци и опозицијата тоа нема да го дозволи.
Според опозицијата, манипулациите на власта не поминуваат кај граѓаните, кај експертската јавност и интелектуалците и затоа народот масовно, мирно и достоинствено, но сепак гласно вели „Ултиматум НЕ благодарам“.
Подготвено од М.Н.