23.07.2022 Скопје
Во разговор помеѓу британскиот премиер Борис Џонсон и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Џонсон му ветил дека поддршката на Обединетото Кралство нема да престане, без разлика кој ќе ја превземе власта.
Британскиот премиер ги истакнал сите неодамнешни чекори што неговата земја ги презеде за зајакнување на украинскиот отпор, вклучувајќи ја и обуката на илјадници украински војници во Обединетото Кралство.
Зеленски му се заблагодарил на премиерот за неговата одлучна поддршка за Украина, како и за убавите зборови во последното обраќање до Парламентот на Борис Џонсон.
Подготвено од М.Н.