16.07.2022 Скопје
Лидерот на опозициската партија информираше дека како гаранција кон народот, вкупно 44 пратеници од опозицијата завериле на нотар изјави дека со мирна совест и здрава свест нема да прифатат промена на Уставот. Исто така, лидерот порача и дека нема да има отстапување ниту милиметар од ова, нема да има чекор назад бидејќи зад нив е се што имаат, достоинство, чест и Македонија.
Во изјавата на лидерот на опозицијата стои и дека оваа борба не била нивна, оваа борба била на народот, и со тоа упатува благодарност до народот кој масовно и во огромен број излезе на улиците и со денови беше тврдина на непокор. Воедно, ова денес во Собранието претставувало срам за државата, фокусот им е само гола борба за фотелја и според него мора да има избори и гарантираат дека внесување на Бугарите во Уставот нема да се случи, со што ќе имаат тешка задача, затоа што ќе треба да го исправат она што е погрешното и да го вратат украденото, а сторителите според него треба да одговараат за тоа.
Подготвено од М.Н.