https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/293774711_613010620182006_346603375410395909_n.jpg?_nc_cat=105&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=8cMuXRbSePEAX8N0KCl&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT9_rZ9PHoa0PznEfuUVPEcWR2Gxm4J40LmSbUyWK7vgqQ&oe=62D6D95C

14.07.2022 Скопје

Утрово околу 6 часот, полициски службеници без најава и дрско однесување упаднаа во шаторите поставени пред Собранието, каде што кампуваа активисти на политичките партии кои протестираат против прифаќање на францускиот предлог.

На фејсбук со статус се обрати една од политичките партии, којашто е против францускиот предлог и напиша дека истите структури пред неколку дена дозволија и вперување на пиштоли кон граѓаните кои мирно и достоинствено протестираат и дека сите обиди за заплашување на министерот Оливер Спасовски да внесе страв меѓу граѓаните се неуспешни. Во објавата стои и дека денес во 12 часот, ќе се упати гласно „НЕ“ до сите пратеници и претседателката на Европската Унија, Урсула фон дер Лајен.

https://www.facebook.com/PartijaLevica/posts/pfbid0228WGsxPm6eDxu2wwWTAGZYoUUQHiV19Nyj8Dd6q4YVjBgfhdgxEhMss9SStp1PbQl

Подготвено од М.Н.

About Author