https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/293055255_2408579185961842_3068401342029927022_n.jpg?_nc_cat=104&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=XWqmZ2kOkAwAX-TrPWq&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT_WlkmYUZ8USGzTDWT5LeaJ0fQXNTRVK8GodZZmwGAAqw&oe=62D633E9

12.07.2022 Скопје

На снимка, која ја објавија грчките спасувачки служби, се гледа како со подводен дрон се пребаруваат водите на Егејското Море во надеж дека ќе биде пронајден третиот од групата македонци кои во саботата исчезнаа од плажата на Халкидики, откако беа повлечени од морските струи.

Семејството на Мартин, преку социјалните мрежи, упати апел за помош, објавувајќи мапа обележана со местото на кое беше пронајден неговиот пријател Иван, нагласувајќи дека иако поминаа четири дена, тие се уште не ја губат надежта дека Мартин ќе биде најден жив.

Продолжувањето на потрагата беше доведено во прашање, бидејќи требаше да заврши денес, но македонските власти одговорија на барањето на братот на Мартин, потрагата да продолжи. Откако шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, разговараше со неговиот грчки колега Никос Дендиас, грчките спасувачки служби решија операцијата да продолжи и во утрешниот ден.

Подготвено од М.Н.

About Author