https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/287279990_587062632775062_5871493933292662485_n.jpg?_nc_cat=103&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=IQQmLutulisAX9HjWLt&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT-1HTrAVP7P7oS8I1m_QP_yvnM9BftrLZ-Xtl4HVoURSw&oe=62DCCDB0

17.07.2022 Скопје

Османи денес пред новинарите ја презентираше содржината на Протоколот.
Поддршката за евроинтеграцијата на Северна Македонија е составен дел од протоколот, а тука се појаснува одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, која во нашиов случај е поделена во две фази политичка конференција, почеток на процес на скрининг, а потоа и втората конференција и отварање на поглавјата, но откако Северна Македонија ќе ги внесе Бугарите во Уставот.

Согласно францускиот предлог, задутре ќе се одржи Меѓувладина конференција, потоа трае скринингот, година и половина, по завршувањето на скринингот има втора Меѓувладина конференција, за неа нема нова одлука на Европскиот совет, туку во утрешниот ден ќе се носат одлуки и за двете конференции, со тоа што втората е условена со измени во Уставот.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изјави дека дел од други народи, значи истото што го имаат другите заедници во земјава, односно делот каде што стои српскиот, влашкиот, ромскиот народ продолжува хрватски, црногорски, бугарски народ, ова не е новина и ја спомна Хрватска која во својот Устав има внесено 25 заедници пред да стане земја членка на Европската Унија.

Во однос на тоа каде е реципроцитетот на македонското малцинство во Бугарија, Османи изјави дека уставното уредување на Бугарија не признава етнички заедници, како што не признаваат ниту Уставите на Франција и Грција.

Подготвено од М.Н.

About Author