14.07.2022 Скопје
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, изјави дека мора да се води демократска дебата, а потоа ќе ги кажат нивните позиции за францускиот предлог.
Вархеји пристигнал во албанскиот приморски град Валона и одржал прес-конференција со премиерот на Албанија, Еди Рама.
Според Вархеји, во врска со Албанија, таа направила се за да дојде до првата Меѓувладина конференција, со што верува дека следната недела ќе биде неделата што толку долго е исчекувана.
Вархеји ја посетил Валона за да ја разгледа новоизградената обиколница финансирана од Европската Унија со грант од 20 милиони евра.
Подготвено од М.Н.