27.07.2022 Скопје
Канцеларот Олаф Шолц е обвинет за сериозни неуспеси во испораката на оружје во Украина. Владата не го направи она што го имаше решено Бундестагот, односно да се испорача тешко оружје, со што германската јавност и Парламент се измамени.
Варшава наведува дека и Берлин се двоуми околу испораката на оружје, бидејќи од планираната кружна размена на оружје каде на Украина и подарила повеќе од 200 тенкови, но е незадоволна од она што за возврат го има добиено од Германија. Дебатата за испораката на оружје во Владата го открива распадот на таканаречената „семафорска коалиција“ и неподготвеноста на Шолц да биде лидер, бидејќи целокупната размена е само еден „ќорсокак“.
Сепак, Владата во вчерашниот ден, објави дека Украина има добиено дополнително тешко оружје од Германија за одбрана од Русија. Министерката за одбрана, Кристине Ламбрехт, изјави дека се испорачани ракетни фрлачи Марс II и уште три оклопни хаубици од 2000.
Сепак после овој демант од Ламбрехт, обвинувањата против Шолц остануваат непоткрепени со недоволно докази.
Подготвено од М.Н.