https://flickr.com/photos/vladamk/52194305772/

05.07.2022 Скопје

На еднодневна посета во Скопје ќе присуствува претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишеч.

Како што соопшти Владината прес-служба, во рамки на посетата високиот претставник од Советот на Европа ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, а потоа е предвидено да присуствува на Владината седница, по што премиерот Ковачевски и претседателот на Советот на Европа ќе одржат заедничка прес-конференција.

Целта на посетата на Мишел е да ја покаже поддршката на Европската Унија за францускиот предлог, и да ја потврди заложбата на Унијата за интегрирање на Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author