Image by fernando zhiminaicela from Pixabay

16.07.2022 Скопје

При престојување во затворена просторија подолго време да се носат маски, канцелариите, занималните во градинките, сали за состаноци и слично, редовно да се проветруваат и дезинфицираат и да се избегнуваат непотребни собирања во поголеми групи. Ова се дел од препораките кои денес Министерството за здравство и Комисијата за заштита на населението од заразни болести ги упатија поради забележано зголемување на новите бројки на заразени од Ковид-19.

Image by <a href="https://pixabay.com/users/coyot-2009089/?utm_source=link-attribution&utm_medium=referral&utm_campaign=image&utm_content=4898571">Juraj Varga</a> from <a href="https://pixabay.com/?utm_source=link-attribution&utm_medium=referral&utm_campaign=image&utm_content=4898571">Pixabay</a>

Препорачуваат доколку граѓаните почувствуваат некои од стандардните симптоми (сува кашлица, температура, болки во грло, болки во мускулите и слично) веднаш да побараат помош од матичен лекар и задолжително да носат маска.

Исто така се уште најефикасна заштита од развој на потешка форма на Ковид-19 и хоспитализација останува вакцината против Ковид-19. Се апелира да се прими и дополнителна, односно бустер доза за лицата кои имаат примено по две дози вакцини.

https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/240636955_4499809933409494_1500738866786234897_n.jpg?_nc_cat=108&ccb=1-7&_nc_sid=e3f864&_nc_ohc=0ZU3kX4b9ewAX_qzNzO&tn=umBHuDMU9LOGEpgU&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT8-YEQiLs9SMx-Y3HX36yfQ-bgrw0_Oh6LQ8GwS7VxYWA&oe=62DB171B

Од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство потсетуваат дека на сила се уште е обврската за носење маска во јавен превоз, здравствени установи, аптеки и домови за стари лица.

Подготвено од М.Н.

About Author