https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/285989067_583259229822069_6377140369482731531_n.jpg?_nc_cat=101&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=3wp8K6b7KyMAX97eN9a&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT_DsyX4bVFGjCGZWHXUYyQr0z0GpcGd7XpkuMxZlmet_A&oe=62DC28A4

17.07.2022 Скопје

Јавноста и денес нема да има можност да види што точно пишува во протоколот и што точно Македонија ќе отстапи во преговорите со Бугарија.

По утрешната средба на амбасадорите на Европска Унија во Брисел, најверојатно ќе биде објавена содржината на протоколот. Познато е дека документот има најмалку 10 страници и содржи конкретни мерки и рокови, особено за расчистување на историските спорови меѓу Софија и Скопје. Ова е втор протокол потпишан меѓу двете земји. Првиот протокол од првиот состанок на мешовитата Меѓувладина комисија меѓу Бугарија и Македонија беше потпишан на 10 јуни 2019 година во Софија.

Потпишувањето на фамозниот протокол следуваше после тридневната дебата во Собранието на Република Северна Македонија и гласање за заклучоците по Информацијата од Владата за предлогот од Франција. Овој документ Османи и Генчовска вешто го криеа две недели, додека се одржуваа протестите во Скопје и останатите градови против прифаќањето на предлогот од Франција и билатералниот протокол. Откако Собранието изгласа „ЗА“ прифаќање на предлогот, Османи и Генчовска го потпишаа клучниот документ за отварање на преговорите со ЕУ.

Подготвено од М.Н.

About Author