https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/7/79/%D0%90%D1%80%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%87_%D0%9E%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%96%D0%B9_2021.07.01.jpg

28.07.2022 Скопје

Олексиј Арестович, советник на претседателот на Украина, Зеленски, потврди дека руските сили ја имаат заземено втората најголема електрана во Украина.

Русите вчера објавија дека ја имаат освоено електраната Вухлехирск и тоа е првиот поголем успех на руските сили во повеќе од три недели. Арестовиќ исто така кажа дека Русија испраќа големо засилување на југот за да можат да се одбранат од украинската контраофанзива. Украина јасно стави до знаење дека има намера да го ослободи целиот Херсонски регион, операцијата за ослободување на Херсон е започната по вчерашниот удар на мостот Антонивиск, кој се наоѓа на клучната руска рута за набавки кон Херсон.

Претседателот на Украина, Зеленски, имаше свое обраќање и кажа дека ќе направат се што е во нивна моќ за да бидат сигурни дека окупаторот нема никакви логистички рути во тој регион.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *