27.07.2022 Скопје
Францускиот председател Емануел Макрон изјави дека Русија е една од последните колонијални империјални сили по започнувањето на војната во Украина. Русија одлучи дека енергијата и храната се воени инструменти, ставени во служба на континенталната империјалистичка војна против Украина, изјави Макрон.
Русија е една од земјите кои најмногу користи пропагандни инструменти, особено преку телевизиите, и Макрон повторно ја осуди Москва за храната, бидејќи го блокираше житото во Украина како и енергијата за Европејците.
Во исто време, Лавров во Уганда изјави дека Русија не е одговорна за енергетската и прехрамбената криза, осудувајќи ја кампањата што се води околу тоа.
Макрон додаде дека мудро ќе биде Европејците да не се изложуваат на пропагандните стратегии, бидејќи тоа е еден од елементите на оваа хибридна војна.
Подготвено од М.Н.