05.07.2022 Скопје
Потпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека доколку НАТО се прошири, Министерството за одбрана на Русија има планови за безбедност на земјата. Воедно, додаде и дека Русија прави напори да ја обезбеди својата безбедност, доколку дојде до можно распоредување на оружје на НАТО во Шведска и Финска.
Во врска со процесот на приклучување на Финска и Шведска во НАТО, Песков истакна дека претседателот Владимир Путин веќе ја разјаснил својата позиција околу оваа одлука и веќе нема што да се додаде.
Шефовите на дипломатиите на Финска и Шведска и амбасадорите на 30 членки на НАТО, рано денеска, ги потпишаа протоколите за пристаување кон Алијансата.
Подготвено од М.Н.