22.07.2022 Скопје
Од кабинетот на турскиот претседател Ердоган, соопштија дека во Турција, Русија и Украина ќе потпишат договор за обновување на украинскиот црноморски извоз на житарки.
На церемонијата ќе учествуваат турскиот претседател Ердоган и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и претставници на Русија и Украина.
Двете најголеми светски извозници на храна, не го потврдија веднаш соопштението од канцеларијата на турското претседателство, но подоцна во видео обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека црноморските пристаништа наскоро би можеле да бидат деблокирани, и дека очекуваат новости од Турција.
Договорот треба да овозможи извоз на украинските житарки кои што лежат во магацини поради блокадата на пристаништата на Црното Море и да го олесни извозот на руските житарки и ѓубрива.
Планирана е проверка на трговските бродови, што најверојатно ќе и биде доверено на Турција, за да се осигураат дека бродовите што одат во Одеса по житарки не носат оружје. Ќе има формирано координативен центар во Истанбул, во кој ќе учествуваат поморски експерти.
Подготвено од М.Н.