25.07.2022 Скопје
До Град Скопје имало поднесена иницијатива за финансиска помош на црвено-црните, но со гласање мнозинството во Советот ја има одбиено оваа иницијатива.
Советникот на Град Скопје, Гордан Шутаров, изјавил дека целосно е свесен за осетливоста на темата и грижата или негрижата на институциите, приватниот сектор и сите најавени спонзорства и затоа одлучил да ја поднесе оваа иницијатива и да побара поддршка од сите членови на Советот на Град Скопје, без разлика кој од која политичка партија доаѓа.
Десет милиони денари РК Вардар нема да го спасат, но ќе беше добар мотив и за останатите институции и приватниот сектор по сериозно да му помогнат на РК Вардар.
Предлогот бил одбиен со три гласа „ПРОТИВ“, 13 „ВОЗДРЖАНИ“ и само 15 гласа „ЗА“.
Подготвено од М.Н.