24.07.2022 Скопје
Од партијата на власт соопштија дека по 17 години чекање се реализира уште една стратешка определба поставена уште на денот на независноста, а таа е полноправно членство во Европската Унија. Воедно, додадоа дека преговорите за членство почнаа со првата Меѓувладина конференција, а веднаш по неа почнаа и скринингот, по кој ќе следува и отворање на првите поглавја.
Власта истакна дека во Европската Унија влегуваме како Македонци со чист македонски јазик, историја и идентитет и порачаа дека почнува периодот на напорна и посветена работа на реформи, на усогласување на нашето со европското право, на економски, политички, општествен развој, повисок квалитет на живот, високи стандарди за почитување на владеењето на правото. Исто така, соопштија и дека Македонија продолжува по европскиот пат и нашата држава е подготвена за процесот на преговори со Европската Унија, кој носи бројни придобивки за сите граѓани во Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.