26.07.2022 Скопје
Шефот на дипломатијата Бујар Османи, по средбата со неговиот португалски колега Жоао Гомес Кравињо, на прес-конференција се осврна на прашањето за најавите за референдум од опозицијата на Република Северна Македонија.
Османи истакна дека јазикот е чист, историските прашања не се одредница за отворање и затворање поглавја и дека имаме почеток на преговори. Исто така, истакна и дека единственото логично прашање за најавениот референдум би требало да биде „Дали сте за стопирање на европскиот пат на Република Северна Македонија, притоа загрозувајќи го македонскиот јазик во ЕУ?“, бидејќи друга причина за референдум не постои.
Шефот на дипломатијата Османи додаде и дека доколку дојде до референдум, резултатите произлезени од него треба да ги дефинираат Уставот и Законите и доколку некој сака да го стопира процесот на пристапување, слободно, граѓаните имаат право да го кажат своето мислење.
Подготвено од М.Н.