27.07.2022 Скопје
Со 103 гласа „ЗА“ и два „ПРОТИВ“, Собранието денес ги ратификуваше протоколите за пристапување на Финска и Шведска во НАТО.
Македонскиот парламент за прв пат ратификуваше протоколи на нови земји аспиранти за членство во Алијансата, откако земјава официјално стана членка на НАТО на 27 Март 2022. По самитот на НАТО во Мадрид, што се одржа кон крајот на минатиот месец, на 5 јули 2022, претставници на 30 држави членки на Алијансата во Брисел ги потпишаа протоколите кон Северноатланскиот договор во врска со пристапувањето на Шведска и Финска во пактот. Шведска и Финска поднесоа барање за членство во Алијансата одкако почна руската агресија врз Украина. На дневен ред на 82 собраниска седница се и измените на Законот за судска служба и законот за извршители. Потребата за донесување на овие закони ја образложи министерот за правда Тупанчевски.
Подготвено од М.Н.