21.07.2022 Скопје
Директорот на ЦИА, Вилијам Брнс за време на безбедносниот форум во Аспен во Колорадо, изјави дека има многу гласини поврзани со здравствената состојба на Путин, но претседателот на Русија изгледа премногу здрав.
Брнс е поранешен американски амбасадор во Москва и соработува со Путин повеќе од 20 години.
Во врска со војната во Украина, Брнс изјави дека го слушал Путин како приватно велел дека Украина не е вистинска држава, а Украина го направила токму тоа, станала вистинска држава.
Путин греши што мисли дека ќе победи во војната со Украина, бидејќи САД има проценето дека досега во Украина се убиени околу 15 000 Руси, а околу 45 000 се ранети, а според проценката украинските загуби се многу помали.
Рускиот претседател Владимир Путин, годинава ќе наполни 70 години и сите информации дека е во лоша здравствена состојба, бидејќи нема докази остануваат само шпекулации.
Подготвено од М.Н.