https://www.facebook.com/111662211540473/photos/pb.100080999151815.-2207520000../111667314873296/?type=3

28.07.2022 Скопје

Русија драматично ги намали испораките на гас во Европската Унија, по само шест дена откако го продолзи снабдувањето кое беше „наводно“ прекинато поради ремонт на гасоводот Северен тек.

Германскиот министер за стопанство, Роберт Хабек изјави дека Германија мора да го намали трошењето на гас бидејќи ситуацијата е сериозна. Газпром претходно соопшти дека испораките кои до сега беа на 40 отсто од капацитетот ке ги намали на најмногу 20 отсто.

Хабек пак најави дека гас ќе доаѓа од Холандија и Норвешка. Доколку настапи недостиг на гас во зимата, прва рестрикции ќе трпи индустријата, пред приватните домаќинства и важните установи како и болниците. Сега се ќе зависи од тоа колку ќе штедиме и нормално е дека многу сум загрижен околу целата ситуација за тоа што може да се случи, кажа германскиот министер. Потрошувачката на гас мора да се намали за 15 до 20 отсто за да спречиме некои производни ланци во Германија и ЕУ да не се прекинат, кажа Хабек.

Подготвено од М.Н.

About Author