21.07.2022 Скопје
Новите санкции на Европската Унија кон Русија, го погодија извозот на руското злато, националистичкиот мото клуб „Ноќни Волци“ и актерите кои го поддржуваат рускиот претседател Владимир Путин.
Урсула фон дер Лајен на социјалната мрежа твитер напиша дека од страна на 27-те земји членки на Европската Унија, како силен сигнал го одобрија седмиот пакет економски санкции против Русија, и притисокот ќе биде уште поголем се додека е потребно тоа.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека овие санкции сепак не се доволни, Русија ќе мора да почувствува многу поголем притисок и да биде принудена да бара мир, Путин ќе мора да плати многу поголема цена поради војната која ја започна во Украина.
Подготвено од М.Н.