https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/9/94/2019-05-04_Sprouting_Barley_Grain.jpg

31.07.2022 Скопје

Ибрахим Калин, потпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави дека остануваат да се решат уште „едно или две прашања“, со што бродовите со украински житарици се натоварени и спремни да тргнат, но потребна е логистичка координација и постои веројатност дека првиот брод утре наутро ќе тргне од пристаништето Одеса во Украина, според одредбите од договорот постигнат со Русија на 22 Јули.

Првиот значаен договор меѓу Русија и Украина од почетокот на војната е Договорот за укинување на блокадата, кој има за цел да ја ублажи светската прехранбена криза во која цените во најсиромашните земји во светот многу се зголемија, поради стравот од недостиг.

Во средата во Истанбул, во согласност со договорот, официјално беше отворен Заедничкиот координационен центар задолжен за контрола на извозот на украински житарици кон Црното Море. Координациониот центар треба да ги регистрира и следите трговските бродови кои учествуваат во конвоите, да обезбеди сателитско и интернет следење и да изврши инспекција на бродовите во моментот на товарење во украинските пристаништа и при нивното доаѓање во турските пристаништа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author