17.07.2022 Скопје
После нерешениот резултат против Украина на стартот на ЕХФ шампионатот во Варна (Бугарија) за играчите до 20 години, македонската репрезентација убедливо триумфираше над екипата од Косово со 51:29.
Со почетна серија од 5:0, Македонија најави дека атакува на триумфот, а непосредно пред паузата беше стекната најголема позитива од плус 10 бода.
Во второто полувреме само се зголемуваше разликата во полза на нашата репрезентација. Во некомплетното второ коло од групата „Б2“, нашата селекција е на првото место со три бода, пред Романија и Швајцарија со по два бода, еден има Украина, а без ниеден бод е Косово.
Третиот меч ракометарите, предводени од селекторот Бранислав Ангеловски, ќе го имаат на 20 Јули против романската репрезентација, мечот е со почеток од 14:00 часот.
Подготвено од М.Н.