https://flickr.com/photos/vladamk/51243819266/in/album-72157719414211732/

05.07.2022 Скопје

По информации добиени од МВР, премиерот Димитар Ковачевски посочи дека денеска се спрема нешто што не доликува на земја, која е членка на НАТО, за време на протестот кој е планиран за во 19 часот.

Ковачевски изјави дека ние сме демократско општество, каде секогаш и во секоја прилика, секој граѓанин може да го изрази својот став и додаде дека вчера имало четворица повредени полицајци, а денес се планира нешто поголемо, кое не доликува на демократско општество.

Собранието треба да донесе одлука дали ќе го прифати или одбие предлогот и ќе има состаноци, каде ќе учествуваат претставници од секоја политичка партија и ќе расправаат по однос на заклучоците во врска со францускиот предлог од ЕУ.

Ковачевски изјави и дека Шарл Мишел беше јасен во својата експликација дека ние имаме предлог кој ни овозможува веднаш да започнеме со преговори за влез во ЕУ и додаде дека не е познато дали протестите ќе влијаат на одлуката која треба да ја донесе Владата и Собранието, дали предлогот ќе биде прифатен или истиот ќе биде одбиен.

Подготвено од М.Н.

About Author