https://www.facebook.com/photo.php?fbid=457219759740895&set=pb.100063586246127.-2207520000..&type=3

02.07.2022 Скопје

Расправата за ребалансот на Буџетот за 2022 година почна на 13 јуни 2022 година во собраниската Комисија за финансирање и буџет и според Деловникот за работа, се очекува да заврши денес, а трае веќе десет дена.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, има цел да ја задржи стабилноста и да ги поддржи економијата и граѓаните.

Владини претставници најавија дека во ребалансот на Буџетот предвидени се околу 70 милиони евра за антикризни мерки кои ќе бидат таргетирани кон оние на кои им се најпотребни. Исто така, со ребалансот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 2,9% повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот, а износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 5,9% повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу 6 милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавија дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи и др.

Во однос на макроекономските проекции кога се креираше Буџетот, економскиот раст бележи намалување за 1,4 процентни поени, а стапката на инфлација е проектирана на 7,2%. Додека пак, дефицитот во однос на првичниот Буџет е за 9,1% повеќе.

Преку задолжување од меѓународниот и домашниот пазар ќе се финансираат дефицитот и отплатата на надворешниот и на домашниот долг.

Според пратениците од власта, со ребалансот се овозможува продолжување на досегашните мерки и политики за справување со последиците од светската економска криза, а ставот на опозицијата е дека овој ребаланс е директен доказ за тоа дека земјава е на раб од банкрот, економски разрушена, испокрадена, во која на дневна основа се зголемува сиромаштијата.

Ниту еден од 50те амандмани, кои се однесуваа на земјоделството, хидросистеми, канализација и комунални мрежи, не беше прифатен од страна на членовите на собраниската Комисија.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *