15.07.2022 Скопје
За уште две недели во Црна Гора се продолжени мерките против Ковид-19.
По истекувањето на овие две недели, Министерството за здравство, Владата на Црна Гора и сите други надлежни органи во земјата ќе одлучуваат дали мерките ќе продолжат или пак ќе има некое олабавување или зголемување на истите, а тоа ќе зависи од епидемиолошката состојба во тој момент.
Повторно е упатена препорака до сите сопственици на туристичките компании, ресторани, хотели за сите вработени да носат заштитни маски, со цел да се одржи работата во текот на туристичката сезона. Оваа препорака особено се однесува на хронично болните пациенти, постарите и имунитетно слабите лица.
Подготвено од М.Н.