07.07.2022 Скопје
Во текот на вчерашниот ден биле повредени тројца полицајци, а пет лица се приведени за време на вчерашниот јавен собир на подрачјето на СВР Скопје, кој се одржа во периодот од 19 часот пред Владата на Република Северна Македонија, продолжи пред Министерството за надворешни работи и заврши пред Собранието на Република Северна Македонија околу 22:30 часот.
Двајца од полициските службеници се здобија со повреда кога изби инцидент во близина на споменикот Скендербег, каде со брзата реакција на полицијата се избегна поголем инцидент.
Одма е приведено лицето Е.Ј.(40) од Скопје, осомничен за пукање со пиштол. Приведени се уште три лица поради фрлање со тврди предмети кон полициски службеници и едно лице поради снимање со дрон без дозвола.
Од МВР со соопштение до јавноста, објавија и дека лицето кое на 05.07.2022 година фрли молотов коктел кон зградата на Собранието е лишено од слобода. Воедно, истакнаа дека се работи за 18 годишник кој го призна делото и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Подготвено од М.Н.