https://pbs.twimg.com/media/FXyi2ZPVQAAb3Am?format=jpg&name=large

16.07.2022 Скопје

Денешната одлука на Собранието за заклучоците за предлогот од Франција, на официјалната мрежа твитер упатија поздрави, Оливер Вархеји, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел.

Еврокомесарот за проширување Вархеји напиша дека го поздравува гласањето во Собранието, што на Владата и дава чист мандат за почеток на првата Меѓувладина конференција базирана на предлогот од Франција.

https://twitter.com/OliverVarhelyi/status/1548284594872471552

Фон дер Лајен напиша дека ова е историска можност и Македонија не ја пропуштила, додека пак претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел порача дека денешното гласање го поплочи патот кон Меѓувладина конференција идната недела.

https://twitter.com/vonderleyen/status/1548274106944012290

Воедно, во објавата на Мишел стои и дека ова е суштински чекор и за Република Северна Македонија и за Европската Унија, и ја чекаат Македонија со отворени раце, нагласувајќи дека иднината е заедничка.

https://twitter.com/CharlesMichel/status/1548291432271687681/photo/1

Подготвено од М.Н.

About Author