https://www.facebook.com/photo/?fbid=418059533684268&set=pcb.418060953684126

29.07.2022 Скопје

Во изјава за медиумите, министерот за здравство Беким Сали, изјави дека изградбата на новиот клинички центар за него како министер останува приоритет, но дека во периодов не е возможна негова реализација бидејќи во моментов нема најдобро финансиски решение.

Министерот Сали кажа дека тоа е комплексен проект кој бара неколку решенија меѓу кои и финансискиот дел. Поради немање на најдобро финансиско решение за реализација на овој проект, продолжуваме со реновирање и адаптирање на постоечките клиники се до моментот кога ќе се заокружи мозаикот, кој што е неопходен за реализација на таков голем капитален проект, изјави министерот Беким Сали.

Подготвено од М.Н.

About Author