21.07.2022 Скопје
Генералниот секретар на опозицијата, Ѓорѓија Сајкоски, изјави дека Извршниот Комитет на опозициската партија на Република Северна Македонија на вчерашната седница, едногласно и во целост ја прифати иницијативата за референдум и народно изјаснување, во однос на деловите кои се штетни за Македонците, односно кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација.
Сајкоски изјави и дека најпрво ќе направат широка консултација, па потоа ќе почнат да го водат процесот. Исто така, додаде и дека овој референдум, чија крајна цел е народното спротивставување на идентитетското обезличување на Република Северна Македонија, на површина ќе ги извади сите лаги на Владата. Сајкоски воедно изјави и дека власта ветила и излажала дека преговорите ќе започнат веднаш, а преговорите започнаа само за Албанија.
Подготвено од М.Н.