16.07.2022 Скопје
Пратеникот од опозициската партија во Република Северна Македонија, Александар Николоски, изјави дека дебатата за предлогот од Франција е можеби една од најбитните и најсуштинските работи за којашто македонското Собрание дискутирало од прогласувањето на независноста до денес.
Николоски истакна дека за овие три дена разликата е јасна, се гледа многу прецизно и многу јасно кој каде е, односно кој е предавник, а кој ги брани интересите на Македонија.
Николоски им се обрати на пратениците од Власта и им препорача да не го потценуваат народот, затоа што е многу попаметен од тоа што тие мислат, и од тоа што ќе им го каже и од она што го чувствуваат. Воедно, додаде дека иако го видат надвор и им се насмевнат, во суштина во граѓаните го има гневот затоа што знаат што прави Власта, знаат кај ја води Власта работата и самата Власт треба да биде свесна за таа работа, посочувајќи дека тој не е од вчера во Собранието.
Подготвено од М.Н.