https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t1.6435-9/133278760_4160581170621983_8225516406745106022_n.jpg?_nc_cat=101&ccb=1-7&_nc_sid=174925&_nc_ohc=Igi1GbrpfLwAX-5-qNu&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT8-Za6mPsIpRRiPnhv88xu8xSQOm5O6CAa9bWbZbE6x9g&oe=62F7831C

07.07.2022 Скопје

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, изјави дека неприфатливо е користење на насилство и потикнување на насилство во политички цели. Исто така, додаде дека настанот кој се случи вчера не смее да се повтори, бидејќи нема ништо позначајно од мирот и безбедноста на сите граѓани.

Пендаровски апелираше до сите организатори на протестите да превземат одговорност и нивното демократско право да протестираат да продолжат да го практикуваат достоинствено и без насилство, покрај тоа најостро го осуди носењето и користењето на огнено оружје од цивили кои не се припадници на органите за безбедност. Воедно, додаде и дека доколку вчера полицијата не реагираше навремено ќе се случеа поголеми судири и тоа ќе беше катастрофа за нашето демократско општество.

Пендаровски очекува сите лица кои беа инволвирани, да бидат приведени и санкционирани во најкус можен рок.

Подготвено од М.Н.

About Author