02.07.2022 Скопје
Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, нагласи дека протоколот треба што поскоро да се објави за да можат граѓаните и експертите да го разгледаат и укажува дека за пакетот во кој се содржани повеќе предлог документи, преговарачката рамка, заклучоците на Советот на ЕУ, Акциски план, годишни прегледи и протокол, треба да мине низ широка расправа, за да се слушне гласот на народот.
Трајанов предупредува протоколот, кој е усогласен помеѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, да не се потпишува, бидејќи е контроверзен и ѝ овозможува на Бугарија директно да се меша во внатрешните работи на Македонија, посебно во идентитетските, историските и образовните прашања. Воедно, им порача на министрите, во текот на оваа расправа, да се воздржат од закани со кривичен погон на тие што имаат поинакви ставови и мислења, потоа со меѓуетнички тензии и слично.
Според претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, договорената стратегија за широки консултации треба да се одвива во демократска атмосфера, одговорно и транспарентно.
Подготвено од М.Н.