07.07.2022 Скопје
Пред многубројни медиумски тимови, премиерот Борис Џонсон и се обрати на британската јавност и ја разреши дилемата дали поднесува оставка или не. На почетокот на своето обраќање, Џонсон се заблагодари на сите што му ја даваа целосната поддршка и рече дека негова должност е лично да ја предаде функцијата на новиот премиер откако ќе биде избран.
Џонсон истакна дека е горд на сите тешки проблеми со кои се соочила неговата влада и признал дека имала и многу грешки. Исто така, додаде и дека не е среќен што мора да ја напушти „најшарената работа“ и тажен е дека нема да го заврши целиот свој мандат.
Новиот премиер ќе мора да почека до изборот на новиот лидер на Конзервативната партија, кој е назначен за премиер според британските правила.
Пред да се појави пред медиумите, британскиот премиер во заминување, се обиде набрзина да состави нов кабинет, по драматичните оставки кои за само 24 часа се 59 на број.
Подготвено од М.Н.