04.07.2022 Скопје
На заедничката прес-конференција во Владата на вицепремиерот за европски прашања на Северна Македонија, Бојан Маричиќ, ирскиот министер за Европа, Томас Бирн и министерката за европски прашања на Република Финска, Тити Тупураинен, која на почетокот на нејзиното излагање кажа дека прекрасно е да се слуша македонскиот јазик.
Тупураинен посочи дека за неа е од посебно значење што се во официјална посета на земјава токму сега и посочи дека Финска и Ирска се едни од најсилните и најдоследните поддржувачи на Северна Македонија.
Во врска со ставот од асимилација кај дел од македонската јавност, дека ќе влезат во Европска Унија како Бугари, а не Македонци, Тупураинен порача дека во ЕУ не се случило никаква асимилација. Вие длабоко во себе знаете кои сте и вие Македонците сте слободни да бидете кој што сакате и слободно можете да го користите вашиот јазик додека сте членка, кажа Тупураинен и порача дека членството во ЕУ може само да го зајакне македонскиот јазик и идентитет.
Подготвено од М.Н.