https://www.flickr.com/photos/erikinmoscow/871496170/in/photolist-2k1Ds3-iQwP6x-6JRevJ-arCovX-5HZWMG-Aq3cy-zxLeS-Aq3cD-Aq3cT-Aq3cG-Aq3cM-8d2Fgh-HLJirz-67XgXp-2bWEbtT-eX9y3x-5j8Zd5-22GTjUo-2mr1EFc-4MYBKj-Ka1rs-82gnz3-vqCCC3-rC5HEi-tmuNkh-2jhrFJD-2he4sG7-zxAHL-zxAHQ-zxAHz-zxAHH-zxAHE-f3uPL-iUa3q-5wJV2H-29ZAcVj-yYLvi-HZ16o2-mkvRd-nVKs8N-eHgyzj-JjQPos-Aci6H-26CXXx7-2ZD5it-a8CHhh-fsmPsp-2iYSMrh-6nbiLg-66cqtP

30.07.2022 Скопје

По драстичното влошување на билатералните односи меѓу европскиот блок и Русија поради војната во Украина, Газпром соопшти дека ја прекинува доставата на гас за Летонија, затоа што балтичката држава ги нарушила условите за купување на гас, но не ги истакнаа деталите на кој начин е тоа направено. Летонија е последната земја членка на ЕУ на која и се случува ова.

Газпром пред само три дена драстично го намали протокот на гас низ гасоводот Северен Поток 1, на само 20% од вкупниот капацитет.

Европската Унија ја обвинува Москва дека го користи намалувањето или прекинувањето на извозот на гас како оружје за одмазда поради западните санкции воведени против Русија. Додека пак, НАТО го засили своето воено присуство во Летонија и нејзините Балтички соседни држави, Естонија и Литванија, затоа што овој регион подолг период се смета како потенцијално ново жариште во односите со Русија.

Газпром до овој момент ја има прекинато доставата на гас за Бугарија, Финска, Полска, Данска и Холандија заради одбивањето да плаќаат во рубљи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author