10.07.2022 Скопје
Милошоски, пратеник од опозициската пратеничка група на Република Северна Македонија, изјави дека во Собранието досега има само девалвирање на законодавниот дом од страна на Владата, бидејќи стигнат е само еден документ од еден лист во кој нема ниту преговарачка рамка, ниту општиот став и заклучоци од страна на ЕУ. Пратеникот истакна дека најмногу се крие двостраниот македонско-бугарски протокол и смета дека спикерот Талат Џафери треба да ги побара од Владата сите овие документи, за да може да се дебатира, воедно според ова не гледа за што би воделе дебата.
Милошоски додаде и дека голем број од граѓаните во Северна Македонија се против оваа преговарачка рамка која ја нарекуваме француска, а всушност бугарскиот премиер Кирил Петков кажа дека тоа е бугарска преговарачка рамка, којашто станала европска и истата е пораз на бугарската дипломатија и тоа треба да се разобличи темелно во Собранието.
Пратеникот Милошоски појасни дека ако има сериозна држава, сериозна дипломатија, ако има добра сплотеност на Собранието, на претседател, на Влада, преговарачката рамка може да се подобри, бидејќи ваква како што е моментално, ја води државата во ќорсокак.
Подготвено од М.Н.