28.07.2022 Скопје
Представниците на Бугарската социјалистичка партија(БСП) денеска му го вратија на претседателот Румен Радев, третиот и последен мандат за формирање на влада. Тоа го направија откако ја одбија поканата за разговор за евентуално создавање на парламентарно мнозинство.
Радев во рок од 72 часа треба да одреди датум за нови вонредни парламентарни избори. Бугарија повторно се соочува со предвремени избори, ова ке бидат четврти по ред парламентарни избори во рок од само две години. Председателот Радев, треба да соопшти кога ке биде распуштен парламентот и да назначи привремен кабинет. Оваа одлука за распуштање на кабинетот зависи од тоа кога ке бидат закажани предвремените избори, засега се наведуваат три датуми, а тоа се 2, 9 или 16 Октомври.
Радев не е задоволен од одлуката на социјалистичката партија, бидејќи новите избори ќе доведат до колапс на економијата и социјалниот систем во Бугарија.
Подготвено од М.Н.