02.07.2022 Скопје
Клаус Милер, претседателот на германската Регулаторна агенција за енергетика, поради можноста Русија да го прекине целосно протокот на природен гас во земјата, ги повика граѓаните да штедат струја и да се подготвуваат за зима.
Милер, исто така, ги повика граѓаните да ја проверат состојбата на бојлерите и радијаторите за да добијат максимална ефикасност, со што одржувањето може да ја намали потрошувачката на гас за 10 до 15 проценти. За ова граѓаните треба да се подготват во текот на следните 12 недели.
Во текот на јуни, Русија го намали протокот на гас за Германија, Италија, Австрија, Чешка и Словачка.
Германските лидери го отфрлија објаснувањето на руската државна енергетска компанија „Газпром“ дека причината за тоа било технички проблем, бидејќи опремата што се поправа во Канада не може да се врати поради санкциите што западните земји и ги воведоа на Русија, поради агресија врз Украина, и намалувањето на испораките на гас ги нарекоа политичка игра.
Подготвено од М.Н.