08.07.2022 Скопје
Коалициската партија на опозициската партија во Република Северна Македонија испратила писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери, со кое бараат информацијата за содржината на францускиот предлогот во врска со преговарачката рамка на Република Северна Македонија со Европската Унија, којашто вчера беше пратена до Собранието, да се врати во Владата, бидејќи не содржела ниту еден документ. Од партијата изјавија дека ова е класична девалвација на Собранието и чиста злоупотреба и спуштање на најниско ниво на законодавниот дом.
Опозицијата посочува дека криењето на овие документи само ја зголемува загриженоста дека овој пакет е штетен за Северна Македонија. Опозицијата апелираше и до новинарите, да направат со нив заеднички притисок за македонско-бугарскиот протокол да биде објавен веднаш. Апелираат и до пратениците од власта да направат притисок за да се добијат сите релевантни документи, вклучувајќи го и билатералниот протколи врз сето тоа ќе може да се решава и да се донесува одлука без да бидат изманипулирани.
Лидерот на опозициската партија во Република Северна Македонија изјави дека нема да дозволат да се кријат зад нив пратениците и затоа го повикуваат Џафери, да не го вовлекува Собранието во оваа игра на Владата.
Подготвено од М.Н.